Скопје, 15.11.2021 – Ректорот на УМТ, проф. д-р. Азиз Положани денеска на работна средба ја прими г-ѓа. Катерина Колозова, директорка на Институтот за социјални и хуманистички науки во Скопје, со која потпиша Меморандум за соработка.
Преку овој меморандум, Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје и Институтот за социјални и хуманистички науки во Скопје, планираат реализација на академски активности и проекти како и други заеднички акции кои се од заеднички интерес за двете институции.
Главните области на соработка според овој Меморандум опфаќаат културни студии, родови, социјални науки, социјална антропологија, современа критичка теорија, сето тоа преку меѓусебна размена на искуства и знаења, имплементација на заеднички академски активности и проекти во различни научни области, развој на заеднички академски проекти, научни конференции, здружување на заеднички ресурси за подобрување на квалитетот на работата, учество во одбележување на значајни датуми и годишнини итн.
Соработката во областа на науката, технологијата и образованието ќе биде поддржана со соодветни механизми и форми на финансирање, за кои страните договараат дополнителни договори и програми или предвидени во овој Меморандум, додека планираното времетраење на овој Меморандум е определено на пет години од денот на неговото потпишување.
Договорот ќе се смета дека е автоматски обновен по истекот на овој временски период, освен ако еден или двајцата потписници изречно го раскинат во наведениот период на важност.
Соработката во областа на науката, технологијата и образованието во рамките на овој Меморандум ќе биде поддржана од соодветни механизми и форми на финансирање, за што договорените страни ќе се согласат за договорот и дополнителните програми предвидени во овој Меморандум.
УМТ и Институтот за социјални и хуманистички науки во Скопје, се согласија резултатите произлезени од заедничкото истражување да бидат целосно објавени иако објавите експлицитно го изразуваат овој договор, како и реципрочното право на патенти и авторство, според внатрешните референции на договорените страни.