Скопје, 28 декември, 2021 година – Студент(к)ите од студиската група Царина, шпедиција и осигурување при Факултетот за технички науки при Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје беа на студиска посета во Царинската управа во Скопје како дел од активностите вклучени во Меморандумот за соработка меѓу овие две институции.
Студент(к)ите предводени од деканот на Факултетот за технички науки, проф. д-р Агим Мамути; координаторот на студиската програма, доц. д-р Бујамин Бела; проф. д-р М. Ваљон Рамадани и секретарот Нехар Алиу имаа можност за теренско набљудување, како и можност да се сретнат со раководителката на Секторот за обуки за царина, г-ѓа Жаклина Андреска, при што разговараа на теми на модернизација на царинската управа од аспект на олеснување на трговијата и дигитализација на царинските постапки.
Важно е да се истакне фактот дека студиската програма за царина, шпедиција и осигурување е единствената студиска програма што се нуди во главниот град Скопје, а интересот за студирање во оваа област се зголемува од година в година.