Скопје, 29 декември 2021 – Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р. Азиз Положани денеска на работна средба ја прими директорката на Културно информативниот центар во Скопје (КИЦ), г-ѓа. Сермине Пурини.

Ректорот, Положани во име на вработените на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје на средбата додели благодарница на директорката на Културно информативниот центар во Скопје, г-ѓа Сермине Пурини, за одличната соработка и бесконечната поддршка дадена на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје од неговото формирање, трансформирајќи ги сите капацитети на КИЦ во служба на активностите на универзитетот.

УМT им се заблагодарува и ги цени сите придонесувачи за подемот и унапредувањето на високото образование и пошироко.

By