Скопје, 28.04.2022 година Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје беше домаќин на семејството, пријателите и колегите уметници на починатиот сликар Омер Калеши, кои денеска се собраа на комеморативната седница организирана во чест на неговиот живот и неговата големата уметничка дејност.

Ректорот на УМТ, проф. д-р. Изет Зеќири во поздравниот говор пред присутните рече дека нашиот светски познат сликар оставил големо богатство преку своите дела. Додека на универзитетот и оставил цела галерија од 24 многу ценети дела кои ќе бидат наследство за многу генерации на студенти.

Во чест на сликарот Омер Калеши присуствуваше и Врховниор поглавар на Бекташите Хаџи Деде Едмонд Брахимај кој високо го ценеше неговиот придонес во визуелните уметности и рече дека имал среќа пред три години во Тирана меѓу нив да го има Омер Калеши, кој му подари многу скапоцен подарок, циклус од неговите слики, по кој повод Галеријата „Омер Калеши“ која го зaзеде своето заслужено место во просториите на Одеон и денес тие дела имаат со десетици и стотици посетители дневно, пополнувајќи го на најдобар начин не само мозаикот на нашата културна традиција, но и идентитетот на бекташкиот тарикат.

Емотивен говор имаше и од неговата внука Сузана Мемеди, која со присутните сподели делови од семејниот живот на сликарот Омер Калеши и неговата постојана грижа каде да ги подарува неговите слики, каде тие ќе се одржуваат и ќе им служат на новите генерации.

Aмбасадорот на Албанија во Париз Луан Рама, кој повеќе од триесет години ги следил делата на сликарот Калеши и бил негов пријател, рече дека со згаснувањето на нашиот голем сликар, албанската и светската уметност претрпе голема загуба.

За уметничката дејност на сликарот зборуваше и универзитетскиот професор Решат Амети, кој рече дека смртаа на Омер Калеши е голема загуба за албанската елитна култура, затоа што според него Калеши бил дел од светските елитни уметници, и го спореди со Леонардо Да Винчи и други уметници кои се икони на светската уметност.

Сликарот Омер Калеши е роден во кичевското село Србица во 1932 година, а почина на 17 април 2022 година. По своја желба погребан е во Истанбул кај гробот на неговиот татко. Дел од неговото културно наследство се галериите со неговото име во УМТ, Универзитетот Илирија во Приштина, Националната галерија на Македонија, Галериите во Турција Бурса и во Тирана.

By