Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје и Националната галерија на Северна Македонија од утре, четврток, 16 јуни, организираат изложба со делата на големиот сликар Омер Калеши.

Иницијативата, која се реализира во соработка со семејството на маестро Омер Калеши, има за цел, споменот на неговата животна дејност, и уметничките дела кои сликарот го однесоа на врвот на светската елитна уметност.

На омаж изложбата, која за љубителите на визуелната уметност се отвора во четврток во 12.00 часот во галеријата Чифте амам, ќе бидат изложени 30 негови слики од типот масло на платно, кои се дел од галеријата „Омер Калеши“, слики подарени на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, додека изложбата ќе биде отворена до крајот на месецот.

By