Скопје, 22.06.2022 – Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје за првпат покрена иницијатива која има за цел да ги врати во татковината албанските иселеници со академски дипломи. Иницијативата на УМТ го презема првиот чекор со дискусија на тркалезната маса на тема „ПРИЛИВ НА МОЗОЦИ“ (Враќање на образовани професионални лица во татковината). На дискусијата учествуваа министерот за образование и наука д-р Јетон Шаќири и министерот за информатичко општество и администрација, проф. д-р Адмирим Алити.
Во своето излагање, ректорот на УМТ, акад. Изет Зеќири, информираше дека одливот на мозоци е дел од општиот одлив на граѓан(к)и, а причините се неекономски, условени од политички, индивидуални – психолошки, семејни, медицински, климатски причини и др., а сиот овој одлив наметнува забавување на економскиот развој.
„Ако во последните години, според стастистиката, 2000 лекари ја напуштиле државата, додека медицинското образование ја чини државата во просек околу 50.000 евра, тогаш нашите загуби на буџетот како резултат на лекарите кои ја напуштиле државата се 100 милиони евра. Ние инвестираме во образованието на нашите кадри, а тие образовани се иселуваат во други земји. Просечниот трошок за образование во Македонија е 28.934 евра, 10 пати помал од, на пример, Германија, која има голема корист од нашиот образован кадар“, констатираше ректорот Зеќири.
Министерот за образование и наука, г-дин Јетон Шаќири изјави дека сите сме свесни за одливот на мозоци и долго молчевме. УМТ и ректорот Зеќири го прекинаа овој молк, а Мнистерството со сиот свој капацитет ќе ја поддржи иницијативата.
„Во Министерството за образование и наука ја составуваме листата на дипломирани, магистри и доктори на науки на 100-те најдобри универзитети во светот, кои финансиски се поддржани со државни стипендии, бидејќи миграцијата на населението е голема загуба за нашата земја, за разлика од големите и развиени земји“, изјави министерот Шаќири.
Министерот за информатичко општество и администрација, г-дин Адмирим Алити, упати честитки до УМТ и потенцира дека со дебати како оваа започнале многу големи иницијативи.
„Досега не сум слушнал за иницијатива како онаа што ја покрена УМТ. Искуствата на земјите штп покренаа вакви иницијативи покажуваат голем успех, на пример, случајот со Кина и Индија“, информира министерот Алити.
Иницијативата започна со тркалезна маса, на која присуствуваа голем број професори, при што беше речено дека главни фактори кои предизвикуваат одлив на мозоци во Северна Македонија се невработеноста и времетраењето на невработеноста.