Скопје, 11.07.2022 – Ректорот на УМТ проф. др. Изет Зеќири придружуван од проректорите проф. др. Беким Фетаји, вон. проф. Др. Фати Исени и проректорот доц. др. Бујамин Бела одржаа работна средба со амбасадорот на Република Северна Македонија во Загреб, Хрватска, г. Милаим Фетаи.

За време на средбата, ректорот Зеќири го информираше амбасадорот на РСМ во Загреб, Хрватска, г. Милаим Фетаи за активноста на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје и за развојот на програмата Еразмус плус на УМТ, која програма во текот на оваа академска година значителен број студенти ја искористија за пракса и студии во странство.

Ректорот Зеќири му се заблагодари и му посака успех на амбасадорот Фетаи за неговиот придонес во надворешната дипломатија претставувајќи ја Република Северна Македонија во Загреб, Хрватска.

By