Ректорот на УМТ, проф. д-р Изет Зеќири, имаше средба со двајца дипломирани студенти од УМТ, Кујтим Дулови и Бљерим Сулејмани, кои штотуку се вработија како професори во Автосообраќајниот училишен центар „Боро Петрушевски“ (АСУЦ) во Скопје.

За време на средбата, ректорот Зеќири информираше дека бројот на студент(к)и годинава е зголемен, особено по обењзбедувањето стипендија за студент(к)ите што решиле да студираат Мехатроника, Индустриски менаџмент и Електроенергетски системи на Факултетот за технички науки при УМТ.

Ректорот Зеќири истакна дека Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје ги отвора вратите за сите матурант(к)и со главна цел да им понуди можност да го унапредат своето теоретско знаење, како и практично да ги применат своите знаења.

Голема предност за матурант(к)ите е можноста да освојат целосни стипендии во гореспоменатите студиски програми на УМТ.

УМТ има постојана соработка со Автосообраќајниот училишен центар „Боро Петрушевски“ (АСУЦ) во Скопје. Оваа соработка е од взаемен интерес, ги подготвува матурант(к)ите за понатамошно професионално усовршување, а овозможува и нивно учество на работилници заедно со студент(к)ите од Универзитетот, на кои може да ги покажат своите професионални вештини.

By