Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје го одржа натпреварот ‘Hackathon VR/AR’ за креирање на 3D виртуелни програми, дел од проектот Vtech од програмата Еразмус плус.
Проф. д-р. Беким Фетаји, проректор за наука и предавач на Факултетот за информатика, рече дека овој конкурс беше отворен за сите студенти од целата држава, а можност да бидат дел имаа и други заинтересирани поединци или вработени во компаниите од регионот. Жири комисијата избра тројца најуспешни проекти врз основа на кои беа одредени победниците.