Во рамките на програмата „Ерасмус+“, професорката Дитурије Исмаиљи престојуваше на еднонеделна мобилност на Универзитетот во Лихтенштрајн.

Во рамките на мобилноста, учесниците дискутираа на интердисциплинарни теми и разменија корисни идеи и практики. Професорката Исмаиљи го презентираше Универзитетот „Мајка Тереза” во Скопје и истакна дека УМТ е отворен за соработка со универзитетите-учесници на мобилноста.

Беше остварена посета на неколку „стартапи“ на алумни на универзитетот домаќин, каде учесниците беа информирани за креирањето на иновативните бизнис-идеи.

Преку програмата „Еразмус+“, академскиот кадар на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје создава одлични академски искуства кои ги пренесува во градењето на академскиот живот на студентките и стидентите.

By