Чест ни е да објавиме дека Еразмус+ проектот именуван како „Превенција на ризични младински вирални трендови“ (2022-1-BG01-KA220-YOU-00085174) е одобрен.
Проектот го спроведува конзорциум во кој членува и Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје. Конзорциумот го сочинуваат следниве организации:
· Здружението „Следи ме“ од Бугарија;
· Академијата за политичко образование и мерки за поттикнување на демократија од Австрија;
· Здружението за урбан форум од Полска.
Целите на кои проектот треба да се осврне при неговото спроведување се следниве:
· потреба да се подобрат вештините за превенција од ризик на младинските работници и да се поддржат индивидуите да ги користат социјалните мрежи, како и прашања на теми како што се: сајбер-малтретирање, следење опасни трендови на социјалните медиуми, лажни вести, социјална изолација, опасни средби со странци итн.;
· потреба да научат да ги применуваат иновативните методологии, алатки и практики за дигитална безбедност;
· потреба од развој на квалитетни вештини за младинските работници за промовирање медиумска писменост, социјална вклученост, демократија, активно граѓанство и ненасилна комуникација;
· подигање на свеста за ризиците од социјалните мрежи и подобрување на превенцијата од опасните онлајн средби;
· подобрување на квалитетот и сликата на младинската работа.