Косово/Пеќ, декември 2022 година- Делегација на УМТ предводена од деканот на Факултетот за технички науки, вон. проф. д-р. Неритан Туркеши и деканот на Факултетот за информатички науки, доц. д-р. Стојан Китанов како и членот на сенатот доц. д-р. Шпетим Реџепи, придружани од м-р. Бујар Кајоли и м-р. Арбнор Рушити како дел од административниот кадар, реализираа работна средба со академскиот и административниот кадар на Универзитетот „Хаџи Зека” во Пеќ. Делегацијата на УМТ на универзитетот домаќин беше пречекана од ректорот проф. д-р. Арманд Красниќи и раководството на универзитетот.

Деканот, вон. проф. д-р. Неритан Туркеши го информираше ректорот на Универзитетот „Хаџи Зека” проф.д-р. Арманд Красниќи за напредокот на Универзитетот „Мајка Тереза” во Скопје, и во исто време се согласија да организираат заеднички конференции во иднината и размена на академскиот кадар и студентите во рамките на студиските програми за мобилност.

За време на посетата, исто така се сретнаа и Студентските собраниа на двата универзитета, каде што изразија волја за понатамошна соработка на студентско ниво и продлабочување на соработката помеѓу универзитетите.

By