На 09.11.2022 во просториите на Факултетот за технолошки науки на студиската програма Прехранбена технологија при Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, успешно беше реализирана првата магистерска одбрана на кандидатката Јелена Момчиловиќ со наслов „СЕНЗОР НА НАДВОРЕШЕН ЛЕПИЛ ЗА СЛЕДЕЊЕ НА КВАЛИТЕТНИТЕ ПАРАМЕТРИ ВО РЕАЛНО ВРЕМЕ И ТРАНСПОРТ НА СВЕЖО МЕСО“.
Комисијата во состав на доц. д-р. Олга Поповска, претседателка на комисијата, вон. проф. д-р. Сани Демири член, д-р. Владимир Китановски ментор, магистерскиот труд беше оценет како иновативен метод за создавање на сензор за лепило кое прецизно ќе реагира за да ја потврди свежината на производот на пилешкото месо без коски. Губењето на свежината и квалитетот на месниот производ во периодот на складирање укажува на зголемување на можноста за оксидација на липидите. Со помош на сензорот за лепило (pH лентите) може да се разликува расипаниот производ преку промената на неговата бојата. Добиените резултати беа во согласност со аналитичките методи.
УМТ на кандидатката м-р. Јелена Момчиловиќ и посакува здравје и успех во нејзината кариерата и во областа каде што таа работи.