Скопје, декември 2022 година- Во просториите на Факултетот за технички науки при Универзитетот „Мајка Тереза” во Скопје се одржа презентација за можностите за стипендии, финансиска помош, менторска поддршка, како и обезбедување практична работа за студент(к)и од ФТН, од страна на извршниот менаџер г-ѓа Марија Заковска од групацијата Лимак и деканот на Факултетот за технички науки, проф. д-р. Неритан Туркеши

За време на предавањето, претставничката г-ѓа Заковска го откри и почетокот за имплементација на иницијативата Global Engineer Girls (GEG) во РСМ, заедно со стратешките партнери, Министерството за образование и наука и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Главната мисија на Globale Engineer Girls (GEG) е да обезбеди ефективна поддршка на девојките и младите жени кои сакаат да бидат инженери, да градат кариера во областа на науката, технологијата и инженерството.

By