На Факултетот за социјални науки, на студиите од втор циклус – магистер, кандидатот Азис Максути, го одбрани магистерскиот труд на тема: „Процесот за членство на Република Северна Македонија во ЕУ и користењето на ИПА фондовите во текот на оваа фаза“.

Одбраната на магистерскиот труд беше реализирано под менторство на вон. проф. д-р Фати Исени, вон. проф. д-р Енвер Абдулаху претседател на комисијата за одбрана и доц. д-р Мурат Алиу член.

Кандидатот Азиз Максути, пред соодветната комисија, презентираше кратко резиме на темата, презентирајќи ги хипотезите за истражувањето и наодите при истражувањето и собирањето на материјалот.

Магистерскиот труд на кандидатот Азиз Максути е посебен придонес и секако овој успех е посветен и на нашата институција. Максути од денеска ја добива титулата: Магистер по европски студии и меѓународни односи.

Азиз Максути е роден во Скопје на 14.08.1985 година, дипломирал на Економскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, и има 13 години професионално искуство.

By