Скопје, 02.02.2023 – Во Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија денеска имаше плодна средба помеѓу ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р. Изет Зеќири, и шефот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.
На работната средба, ректорот Зеќири и генерал-потполковникот Ѓурчиновкси се договорија за реализација на сите технички детали, со цел непречена реализација на работите за реконструкција на објектите на земјиштето на УМТ трансформирано за потребите во касарната „Илинден“, парцела од 50 илјади метри квадратни која Владата ја даде на сопственост на УМТ.
Ректорот Зеќири, веднаш штом ја презеде новата функција минатата година, почна да работи на новите простории на УМТ во касарната „Илинден“ во Скопје, момент кој долго го очекуваа сите вработени и студент(к)и. Во моментов се урнати три застарени објекти, додека се врши целосно реновирање на трикатницата од 3000 квадратни метри, што претходи на изградбата на новиот кампус.