Скопје, март 2023 – Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, преку процес на гласање, го избра новиот состав на Студентското собрание на Универзитетот.

Новоизбраните кандидати за раководство на Студентското собрание на Универзитетот пред изборната комисија предводена од претседателката Едита Арслани детално ги елаборираа своите програми за нивните задачи, двајцата кандидати за претседател Омер Хебиб и Арбнор Малиќи, кандидатот за потпретседател Хамзи Вила и кандидатката за секретар Елмедина Касами успешно ја презентираа својата перспективна програма пред членовите и комисијата.

По демократскиот и транспарентен изборен процес на гласање, следеа резултатите, за претседател на Универзитетското студентско собрание е избран Омер Хебиб со 12 гласа, додека неговиот против кандидат Арбнор Малиќи успеа да добие 3 гласа, додека Хамзи Вила е избран за потпретседател со 15 гласа. , Елмедина Касами е избрана за секретар на Универзитетското студентско собрание со 15 гласа.

Процесот на гласање беше набљудуван и од страна на координаторите од кадарот на УМТ, 2 секретари на факултети, Нехар Алиу, секретар на факултетот за градежништво и архитектура и Џезми Абдулаху, секретар на Факултетот за социјални науки.

По завршувањето на изборниот процес, претседателот на Сенатот на УМТ, проф. Сузана Јордановска, генералниот секретар на УМТ, г-ѓа Мукадес Хајдари, како и проректорот за финансии, инвестиции и развој, д-р. Бујамин Бела, на новото претседателство и на изборната работна група на Студентското собрание на Универзитетот им посакаа успех во нивните студентски предизвици, ефикасност, поддршка и достојно претставување на сите студенти на УМТ.

На Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје од основањето па до денес се одржани четири изборни процеси за претседател на Универзитетското студентско собрание.

By