Скопје, 23.03.2023 – Универзитетот „Мајка Тереза“ од Скопје и Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ денеска потпишаа Меморандум за разбирање за поддршка на соработката помеѓу двете институции.

На средбата на која ректорот на УМТ, проф.д-р Изет Зеќири беше придружуван од проректорите проф.д-р Беким Фетаји и проф. д-р Фати Исени како и деканот на Факултетот за информатички науки проф. д-р Стојан Китанов беше истакнато дека целта на овој меморандум е развој на академска и образовна соработка, воспоставување програми за соработка во различни области меѓу двата универзитета и соработка во нивен заеднички интерес за голем број високообразовни активности.

Меморандумот потпишан од ректорот на УМТ проф. д-р Изет Зеќири и ректорот на Универзитетот „Свети Апостул Пали“ проф. д-р Иван Бимбиловски, ја опфаќа и соработка во размена на академскиот кадар, студентска размена, заеднички образовни и истражувачки активности преку меѓународни проекти, симпозиуми, конференции и други научни активности.

Двата универзитета ќе реализираат заеднички програми на академски нивоа во прв, втор и трет циклус, директно признавање на дипломите, размена на објавени академски материјали и пристап до бази на податоци на дигитални библиотеки.

Од своето основање, УМТ има потпишано и соработува со близу 70 високообразовни институции од земјата, регионот и Европа.

By