УМТ ја продлабочи соработката со бизнис заедницата
Скопје, 𝟎𝟑.𝟎𝟓.𝟐𝟎𝟐𝟑 На покана на ректорот на УМТ, проф. д-р. Изет Зеќири денеска гостин на УМТ беше сопственикот на познатата компанија Алма-М од Скопје, Муарем Муртезани, кој со задоволство ја прифати поканата за да одржи мотивирачко предавање пред студентите по економија.
Муртезани на многу студенти им порача дека секој успех започнува со сон, кој мора да се реализира со многу труд и желба за успех. Тој рече дека компанијата Алма М е основана во 1991 година, како мал семеен бизнис, кој со интензивна работа и дисциплина е претворен во дејност на дистрибуција на стоки за широка потрошувачка.
Денес, Алма-М има стотици вработени, повеќе ултра модерни магацини од над 5000 квадратни метри и администрација од над 2000 метри квадратни. Многупати е прогласена за компанија на годината од страна на Стопанската комора, додека постојано е на топ-листата на успешни компании во земјава.
Ректорот на УМТ, проф. д-р. Изет Зеќири рече дека УМТ соработува со своите партнери во текот на целата академска година, при создавање на студиските програми според потребите и барањата на пазарот на трудот, додавајќи дека „Универзитет Мајка Тереза“ во Скопје ги има сите студиски дефицит програми на пазарот на трудот, додека студентите, а особено дипломираните студенти се подготвуваат за реалниот сектор уште од првите години на студирање.
УМТ, рече Зеќири, создава Совет на пријатели, во кој членуваат многу успешни компании од земјава и посредува во воспоставување контакти меѓу работодавачите и потенцијалните вработени, особено за време на Деновите на кариера.
Присутните студенти поставија бројни прашања поврзани со начините на кои се отвора и развива приватен бизнис во земјава, проблемите со кои се соочуваат стопанствениците и како да добијат средства за еден почетен бизнис. Покрај одговорите, Муареми им понуди на студентите да испратат CV во канцелариите за вработување во неговата компанија.