Скопје, 04.05.2023 г. – Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје потпиша Меморандум за разбирање со Центарот за иновации во Скопје (ЦИС), кој има за цел да ја поддржи билатералната соработка во секторот за развивање на иновативниот дух во областа на информатичката технологија.
УМТ и ЦИС ќе соработуваат во областите од заеднички интерес, како и во одредени области, како што се: обука на студент(к)ите на Факултетот за информатика, соработка со УМТ во креирање на ИКТ професионални профили; создавање бизнис-инкубатор во областа на информатичката технологија при УМТ; заедничка апликација (ЦИС/УМТ) во јавните и приватните проекти на студент(к)ите и академскиот кадар; учество на локални и меѓународни конференции; користење на просториите на УМТ од стручното училиште при ЦИС кое нуди јавна обука за младите и бизнисите во земјата, како и преговарање за други важни прашања од заеднички интерес.
Во првата година од потпишувањето на меморандумот, ЦИС ќе ги започне процедурите за подготовка на процесот за создавање на Професионално училиште за информациски технологии во рамките на Центарот за претприемништво, образование и трансфер на технологија при УМТ.
Од своето основање, УМТ има потпишано 44 договори со универзитети од Европа, како и 60 договори со различни образовни институции во земјата и регионот. УМТ има за цел да поддржи различни центри кои имаат со цел нивен професионален развој, како што е и самиот Центарот за иновации во Скопје.