Гостивар, 04.05.2023 г. – Промотивниот тим на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, составен од проректорот за наука, проф. д-р Беким Фетаји и г. Дритон Зендели како дел од административниот персонал, го посетија средното техничко училиште „Гостивар“ во Гостивар, а на матурант(к)ите им беа претставени 39-те студиски програми што ги нуди УМТ.
Матурант(к)ите беа информирани за условите на студии, како и за бројните студиски програми на осумте факултети при УМТ: Факултетот за градежништво и архитектура, Факултет за информатички науки, Факултет за социјални науки, Факултет за технички науки, Факултетот за технолошки науки, Економскиот факултет, Правниот факултет и Факултет за хуманистички науки.
Проф. д-р Беким Фетаји истакна дека во новите капацитети УМТ обезбедува оптимални услови за студии и функционира согласно високите меѓународни стандарди.
Матурант(к)ите покажаа интерес за студиските програми и имаа непосреден разговор со проректорот. На матурант(к)ите им беа поделени брошури со информации за активностите на универзитетот.