Во понеделник, 08.05.2023 година, на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје започнува еднонеделна школа за обука „Биоинформирање на младите“ (‘Bioinforming the Youth’ Training School) што се одвива во рамките на проектот „Bioinforming the Youth“ каде што УМТ е партнер на овој проект, кој го спроведува организацијата Биоинформатика од Херцег Нови, Црна Гора, а е финансиран од Фондот на Западен Балкан (Western Balkans Fund).
Обуката ќе се одржи од 8 до 12 мај, а на неа ќе учествуваат повеќе од 20 студент(к)и од различни универзитети од земјава, кои се појавиле за учество на обуката, а ќе се обучуваат по предметот биоинформатика од меѓународни експерти од областа.