Струга, мај 2023 година – Професорите на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје продолжија со активностите на промоцијата на универзитетот во средните училишта „Нико Нестор“ и „Ибрахим Темо“ во Струга.

Тимот на професори составен од Азиз Положани, Фисник Доко, Едона Винца, Валмир Далипи, Блерта Кондри, Хава Реџеп и Алма Мустафаи предводен од координатороката Уриме Демири Шаипи, ги информираа матурантите на овие две училишта за функционирањето на системот на УМТ, условите за учење како и студиските програми кои се дефицитарни и нудат брзо вработување, а се дел од најплатените дејности.

Пред матурантите од Струга беа промовирани факултетите на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје: Факултетот за градежништво и архитектура, Факултет за технички науки, Факултет за информатички науки, Факултет за технолошки науки, Факултет за социјални науки, Економскиот факултет, Правен факултет и Факултет за хуманистички науки кои фунсионираат согласно со највисоките меѓународни стандарди, и носат квалитет и студенти подготвени да се соочат со пазарната економија и социјалната глобализација.

Професорите ги информираа матурантите за предностите од студирањето на првиот државен универзитет на албански јазик во главниот град, како што се локацијата, стручниот кадар, можноста за развој преку грантови и стипендии, пристап до лаборатории, компании и Националната универзитетска библиотека, пристап до многу музеи и уметнички центри.

УМТ им се заблагодарува на раководителите на средните училишта на град Струга, директорката од училиштето „Ибрахим Темо“ г-ѓа. Бесиме Јонузи со одговорниот г. Куштрим Муса како и одговорната на училиштето „Нико Нестор“, г-ѓа. Енџелуша Беќири за гостопримство и за достоинствената организација за промоцијата на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје.

By