Словенија, мај 2023 год. – Во просториите на „Универзитетот Марибор“ во Словенија, од 23-25.05.2023 година се одржа средбата на проектот „ERASMUS IDADOHS“ на тема Дигитализација на образованието. На средбата учествуваа 10 партнерски институции од Хрватска, Словенија, Албанија и Северна Македонија.

На оваа средба, партнерите презентираа софтвери, отворени образовни ресурси, алатките за виртуелна реалност(Virtual Reality tools) и разновидна лабораториска опрема за подигање на квалитетот во високото образование.

Проректорот за финансии и развој на УМТ, доц. д-р Бујамин Беља го презентираше процесот на имплементација на проектот, фазите, активностите како и финансиските импликации за процесот на дигиталната платформа.

Од Канадскиот институт за технологија во Тирана, професорот Шефќет Меда ја презентираше веб-страницата и дигиталните образовни содржини што ги создавале. Од Универзитетот во Марибор проф. Андре Шкраба и Клавдија Стропник го презентираа својот придонес, курсевите и 3д апликациите.

Од Универзитетот „VSITE“ во Загреб, Маринко Серделиќ ги презентираше веб-страници и дигиталната содржина креирана од нив. На средбата учествуваа и Зоран Здравев и Лидија Кисишева кои беа претставници од Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

На крајот се одржа средба за управување со проекти и се дискутираше за активностите на Multiplier event или презентација на резултатите од проектот пред локални и меѓународни претставници.

By