Скопје, 25.05.2023 – На Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, се одржа отворена дискусија со стручњаци од ИТ индустријата насловена „Tech Talk“ за студентите на Факултетот за информатички науки.

На отворањето на оваа дискусија, проректорот за наука и истражување, проф. д-р Беким Фетаји на присутните им посака добредојде и пријатна дискусија. Координатор на оваа отворена дискусија беше професорот Фисник Доко со тимот Варис Зејнулаху, Висар Азири, Фисник Абдулаи, Еренис Рамадани, Јетон Кадрија како и Рилинд Каба каде присутните ги елаборираа своите стории за личните и научните достигнувања.

Овој настан се одржа за прв пат во УМТ, а врз основа на податоците од професорите, ваков тип на дискусија е прва што се случува во главниот град на државата, што пред голем број учесници поттикна многу конструктивна дебата.

Овие отворени дебати УМТ има за цел да обезбеди знаење и експертиза од ИТ професионалци специјализирани за развој на софтвер и технологија во иднина за сите студенти.

By