Скопје, септември 2023 – Универзиетот „Мајка Тереза” во Скопје и компанијата „Транском Македонија” потпишаа меморандум за соработка со цел обезбедување на потребните научни анализи, планови за професионално напредување во рамките на областа со која се занимаваат, како и програми за образование и подобрување на кадарот.

Соработката помеѓу Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје и „Транском Македонија“ ќе се реализира преку размена на искуства и научни и стручни знаења, можност за ангажман и вработување на студенти од УМТ (Факултет за хуманистички науки) во партнерската компанија, соработка на полето на имплементација на образовни програми и реализација на практична работа за додипломски, постдипломски и докторски студии (меѓусебен ангажман на образовниот кадар и студентите) и други форми на соработка за кои ќе одлучуваат двете институции.

Овој меморандум е склучен на неопределено време, а неговото времетраење може да престане со писмо за оставка од една од страните потписнички на меморандумот.

By