Скопје, октомври 2023 – На универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје и се приклучи уште еден доктор на науки, доцент Луљета Џемаили Мурсели од Факултетот за социјални науки при УМТ, успешно ја одбрани докторската дисертација на Правниот факултет „Јустиниан Први“ – Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје.

Главна тема на која го базираше своето истражување за докторската дисертација беше: „Родово засновано насилство врз жените и меѓународното право за човекови права“, Професорката Луљета Џемаили Мурсели беше високо ценета од професорите кои беа членови на комисија како за нејзините теоретски, така и за емпириски истражувања каде што беше менторирана од проф. д-р Елена Михајлова-Стратилати.

Професорката Луљета Џемаили Мурсели со одбраната на докторската дисертација истовремено се стекнува со научно звање: доктор на правни науки по меѓународно право.

УМТ изразува чест и задоволството што како високообразовна институција, академскиот кадар напредува и добива високи академски звања, како резултат на научното истражување и посветеност што професорите на УМТ ги преземаат. Подигнувањето на професионалниот кредибилитет на новиот академски кадар не е само добра вест за нас, туку и за студентите и за целото општество.

By