Скопје, 01.11.2023– Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р. Изет Зеќири денеска на работна средба го пречека  раководството на Албанскиот студентски сојуз,  претседателката Арлинда Реџепи, член на раководтвото Елмира Рамадани, член на собранието на АСС Нермине Хамиди, на средбата исто така присуствуваше и претседателката на Студентското собрание на Универзитетот (ССУ) Омер Хебиб како и член на раководствтот Арбнор Малиќи.

Ректорот Зеќири,  најпрвин ја извести преседателката Реџепи за максималната посветеност на универзитетскиот кадар кон студентите на УМТ за развојот на студиите во новиот кампус, блиската соработка меѓу студентските групи и  Универзитетското студентско собрание, како и афирмацијата на студентските организации и тоа не само за студентски активности.

Студентите од АСС, предводени од Арлинда Реџепи, со интерес ги следеа презентираните теми и се осврна кон ректорот на УМТ проф. д-р. Изет Зеќири, за продлабочување на соработката во различни студентски, културни, економски, социјални, спортски и други сфери.

За ваквата подготвеност, ректорот Зеќири му се заблагодари на раководството на Албанскиот студентски сојуз за нивните визионерски и суштински цели, како и изразувањето поддршка за предизвиците и проблемите на студентите кои живеат, студираат и градат интелектуални кариери тука.

By