Скопје, 31.01.2024 – Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р. Изет Зеќири денеска на работна средба го прими амбасадорот на Република Северна Македонија во Норвешка, неговата екселенција, г-дин. Дритон Кучи.

На оваа средба, ректорот Зеќири го информираше амбасадорот Кучи за случувањата на УМТ, за зголемувањето на бројот на студенти, академско-научниот развој како и подигнувањето на професионалните капацитети.

На средбата се разговараше и за начините на соработка на УМТ со норвешките државни универзитети.

Амбасадорот Кучи му честиташе на ректорот Зеќири за неговата незапирлива посветеност на новиот универзитетски кампус, притоа потенцирајќи дека институционалната и академската поддршка секогаш ќе биде во служба на УМТ.

By