Скопје, 20.02.2024 – Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, придружуван од министерот за образование и наука Јетон Шаќири, денеска престојуваше во работна посета на кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што се сретна со раководството на универзитетот, професорите и студентите.
На средбата со ректорот, проф. д-р. Изет Зеќири, претседателкта на Сенатот проф. д-р. Сузана Јордановска, проректорите Ризван Сулејмани, Фати Исени, Беким Фетаји и Бујамин Бела, г-дин Џафери беше информиран за консолидацијата на УМТ од инфраструктурен и академски план.
Премиерот Џафери рече дека лани со владина одлука на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје му била доделена парцела од 50.000 квадратни метри во просторот на поранешната касарна „Илинден“ за главниот објект, со површина од 3.300 метри квадратни, 95 милиони денари, за реновирање на просторите на главниот објект и 5 милиони денари за дополнителни потреби.
„Универзитет „Мајка Тереза“ во Скопје, иако е еден од најновите универзитети во земјава, сепак бележи успеси, особено во однос на бројот на студенти кои сакаат да студираат на факултетите кои се дел од Универзитетот“, рече Џафери, додавајќи дека секоја година се зголемува бројот на студенти и тоа само по себе говори за квалитетот со кој се одвива наставата овде и за квалитетот на научно-наставниот кадар, рече Џафери.
Министерот за образование и наука Јетон Шаќири рече дека е горд на инвестициите кои Министерството за образование и наука ги има остварено како и плановите за поддршка на долгорочните капитални инвестиции во иднина.
„Студентите од Универзитетот „Мајка Тереза“ но и од другите универзитети ја согледуваат посветеноста на оваа влада за иднината на државата со поддршка на студентите кои се ја преставуваат иднината на општеството и оние кои ќе ги придвижат процесите напред“, рече Шаќири.
Ректорот на УМТ, проф. д-р. Изет Зеќири рече дека Универзитетот има постигнато сеопфатен напредок, но потполно ќе биде копмлетиран само кога ќе се изгради неговиот модерен кампус.
Во рамките на посетата, премиерот Џафери ги посети и просториите на Универзитетот, како и лабораториите во оваа високообразовна институција, кој 9 години по формирањето беше без просторни услови за работа, во рамките на 8-те факултети, каде што наставата се одвива на 3 јазици.