Битола, април 2024 година – Во отсуство на едно средно училиште каде наставата се одржува на албански јазик во Битола, се промовираа студиските програми на УМТ во „Музејот на албанската азбука“ во Битола, како и делумно во основното училиште во селото Меџитли во Битола. На овие собири покрај матурантите дојдоа и нивните родители, наставници и граѓани. За програмите на осумте факултети на УМТ, проф. д-р Мустафа Ибрахими, детално ги информираше присутните за сите студиски програми и другите услови за упис. Познавајќи ги грижите и проблемите на оваа страна, проф. д-р Мустафа Ибрахими истакна дека студиите во Скопје, поточно на УМТ, можат на некој начин да помогнат да се запре миграцијата, феномен кој е постојано присутен, но кој во последно време зема поголем замав, на оваа страна. УМT нуди одлични студиски програми кои можат да им помогнат на неодамна дипломираните студенти брзо да најдат вработување во многу професии. Студиите на овој универзитет обезбедуваат услови за академски и интелектуален раст на секој студент кој ќе дојде да студира во Скопје, нагласи на крајот проф. д-р Мустафа Ибрахими.
Присутните споделија флаери со подетални информации за факултетите и студиските програми кои функсионираат во рамките на УМТ. Присутните поставија повеќе прашања поврзани со условите и други прашања поврзани со уписите, студиите и вработувањата.