ТРИТЕ ИСТОРИСКИ АЛБАНСКИ ВЕСНИЦИ „FLAKA E VËLLAZËRIMIT“, „RILINDJA“ И „ ZËRI I POPULLIT“ ГИ ПОКРИ ПРАШИНАТА НА ИСТОРИЈАТА
Скопје, 30.05.2024 – Во организација на Катедрата за медиуми и интеркултурна комуникација денеска се одржа трибина на тема „Наследството на албанското новинарство и предизвиците во новата ера“ на која панелистите проф. д-р Сефер Таири ја презентираше историјата на радио и телевизија на албански јазик во Северна Македонија, проф. д-р Севдаил Демири за историјата на весниците на албански јазик и вон. проф. д-р Авни Авдиу за предизвиците на новите медиумски случувања.
Проф. д-р Севдаил Демири во своето излагање пред присутните го цитираше најпознатиот во монетов бизнисмен и инвеститор во светот, Елон Маск, кој вели дека сите треба да ја проучуваме историјата, бидејќи проучувајќи ја учиме како правилно да постапуваме и да не направиме грешка во нашите чекори кои ги превземаме.
‘Албанскиот печат е големо културно и историско наследство особено на териториите во Северна Македонија, но и во Косово и Албанија, а своите почетоци ги има во Италија со весникот кој за прв првпат го објави патриотот Јероним де Рада во 1848 година, кога тој го објави првиот албански весник L’Albanese d’Italia. Во Македонија првиот весник е „Bashkimi i Kombit“ во Битола во 1909 година, скопскиот весник на Јашар Еребара во 1910 година и на крајот најдолговечниот весник „Flaka e Vëllazërimit“ со седумдецениско постоење‘ – рече Демири.
Тој додаде дека, за жал, весниците кои испишаа историја во албанските земји и беа хроники во тоа време, „Flaka e Vëllazërimit“ во Скопје, „Rilindja“ во Приштина и „Zëri i Popullit“ во Тирана сега се дел од историјата бидејќи ниту еден од нив не се издава.
Проф. д-р Сефер Таири се фокусираше на историјата на албанското радио и телевизија во Северна Македонија, истакнувајќи дека програмата на Радио Скопје на албански јазик работи речиси 80 години, од 28 јануари 1945 година, кога за прв пат се слушна албанскиот збор „Ju flet Radio Shkupi“. Телевизијата започна на 17 април 1967 година, со неделната телевизиска хроника, која го означи и првото емитување на програми на албански јазик во сите области каде што се зборува албански во Албанија, Косово, Црна Гора, околината на Прешево, со 15 минути програма до 1994 година. .
Таири рече дека иако јавното радио и телевизија треба да бидат во служба на потребите на општеството, и тогаш и денес постои проблемот со политиката, која се става пред општеството.
Вон проф. д-р Авни Авдиу се фокусираше на предизвиците за развојот на новите медиуми, имајќи ги предвид позитивните и негативните страни на еволуцијата на медиумите. Потенцираше дека, за жал, во медиумите се позастапени негативните страни, вклучително и медиумските содржини, кои се главно политички дебати, show biz, реални шоуа и серии кои никогаш не испорачуваат некоја суштинска порака која би била од корист за јавноста.
На панел дискусијата на тема „Наследството на албанското новинарство и предизвиците во новата ера“, која ја водеше доц. д-р Арта Џелили од Катедрата за медиуми и интеркултурна комуникација,
одржа говор и првиот ректор на УМТ, проф. д-р Азис Положани кој рече дека студентите на катедрата треба да учат од ова големо новинарско наследство и да придонесат за неговиот понатамошен развој во државата.