Скопје, јуни 2024 година – Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р Изет Зеќири го презентираше едногодишниот извештај за работа од 26.04.2023 до 26.04.2024 година, каде според законот, ректорот е должен еднаш годишно пред Сенатот да презентира извештај за неговата завршена работа како и за работата на универзитетот вклучуважи го и деталниот финансиски извештај.
Извештајот за работа на ректорот на УМТ, проф. д-р Изет Зеќири е обемен и опфаќа околу 100 страници, во кои детално се елаборираат академско-научните и инфраструктурните достигнувања.
Ректорот Зеќири на 12.06.2024 година на Ректорска Управа го елаборираше целокупниот едногодишен извештај, кој беше одобрен и од Ректорската Управа. Додека истиот извештај за работа на 13.06.2024 година детално го презентираше пред сенатот на УМТ, каде во рамките на членот 99 од високото образование, универзитетскиот Сенат има право да го одобри или да не го одобри извештај за работа од една година.
Сенатот на УМТ го одобри извештајот и му дадоа зелено светло на ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р Изет Зеќири да продолжи со работа на уште една година.