Варна/Бугарија, јули 2024 – Ректор на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф.         д-р Изет Зеќири, по средбите во Република Бугарија, е пречекан од гувернерката на Варна, во регионалната администрација во регионот на Варна, г-ѓа. Андријана Андрева која е одговорна за 12 општини во регионот на Варна.

Ректорот Зеќири ја информираше гувернерката Андрева за развојот на високото образование во Северна Македонија, напредокот на УМТ, развојот на програмата Еразмус + како и одличната соработка со другите меѓународни универзитети.

Исто така, на средбата ректорот Зеќири, заедно со професорите Зоран Трифунов и Владимир Китановски ги елаборираа активностите спроведени во три успешни проекти во Бугарија во областа на високото образование со цел подигнување на квалитетот во земјата и пошироко. Во Варна се и по повод нивното учество на меѓународниот проект за превенција од ризик факторите кај младите.

Гувернерката г-ѓа. Андријана Андрева пред гостите ги презентираше најважните аспекти од работата на државната администрација, како и политиката на интеракција помеѓу локалната самоуправа, бизнисот и универзитетите. Ректорот Зеќири и гувернерката Андрева разговараа и за можностите за идна размена на искуства и добри практики во насока на зајакнување на интересот и можностите на младите кон образованието.

By