Скопје, август 2024 – Претставниците на проектот „The 6G Computing Continuum“ како посредник софтвер за вештачка интелигенција помеѓу 6G мрежите помеѓу Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје и Универзитетот Алпен Адриа во Клагенфурт од Република Австрија ја остварија првата работна средба за да се продлабочи соработката во врска со билатералниот научно-истражувачки проект.

Дел од средбата од УМТ беа и вон. проф. д-р Стојан Китанов како координатор на научноистражувачкиот проект од Република Северна Македонија и доц. д-р Фисник Доко, учесник истражувач на научноистражувачкиот проект,  додека од Универзитетот Алпен Адриа проф. д-р Драги Кимовски, координатор на научно-истражувачкиот проект од Република Австрија.

Главната цел на проектот е  да се решат недостатоците на постојните мрежни инфраструктури преку интегрирање на напредните способности за вештачка интелигенција со новите концепти на компјутерскиот континуум. Компјутерскиот континуум опфаќа беспрекорна интеграција на ресурсите за обработка на податоци во околина на ивица (раб), магла и облак за да обезбеди унифицирана и дистрибуирана компјутерска средина и има за цел да овозможи обработка на податоци во реално време, одговор со ниска латентност и интелигентно донесување одлуки на работ на мрежата.

Проектот ќе се фокусира на неколку клучни аспекти. Прво, ќе ја истражи интеграцијата на алгоритмите и техниките на вештачката интелигенција во компјутерскиот континуум, овозможувајќи интелигентна анализа на податоци и заклучоци поблиску до изворот на податоци. Второ, проектот ќе истражува нови ефикасни пристапи за оптимизирање на распоредот на апликациите, распоредувањето и адаптацијата во рамките на компјутерскиот континуум. Трето, проектот ќе ги истражи новите пристапи за преклопување на мрежата за ефикасно искористување на следната генерација 6G мобилни мрежи.

На состанокот беше изготвен првичен план со цел научно – истражувачкиот проект да биде успешно реализиран.  Исто така беше договорено да се направи истражување на најновите научно истражувачки публикации од облата на 6G мобилни мрежи, вештачка интелигенција кај 6G мобилните мрежи, квалитетот на сервисите кај 6G мобилните мрежи, компјутерскиот континуум, мобилна обработка на податоци на работ (ивицата) од мрежата, обработка и пресметка на податоци во околина на облак и магла, а се во тесна врска научно истражувачкиот проект.

Исто така, на средбата се разговараше за можноста за идна соработка и учество во идни заеднички проекти како што се Еразмус + и Хоризонт.

By