Скопје, 01.10.2024 – Во топол амбиент пред универзитетскиот кампус беше одбележана свечената церемонија на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, денеска ја пречекаа деветтата генерација нови студенти на 8-те факултети при УМТ со над 30 студиски програми .
Ректорот на УМТ проф. д-р Изет Зеќири им посака добредојде на сите нови студенти а воеедно им посака и успешна академска година, нагласувајќи дека „почетокот на ова академско патување е возбудлив и предизвикувачки момент. Ги отворате вратите кон нов свет на можности, а одговорноста да ги искористите овие можности е во ваши раце. Пред вас ќе бидат големи предизвици, но бидете уверени дека на секој чекор од овој пат ја имате поддршката од академскиот кадар и од целата универзитетска заедница. Ве охрабрувам да го прифатите овој важен период од вашиот живот со храброст, љубопитност и целосна посветеност“. – рече ректорот Зеќири.
Првиот заменик претседател на Владата на Република Северна Македонија г-дин. Изет Меџити, по повод почетокот на академската година, во поздравниот говор пред новите студенти, меѓу другото рече дека „ Владините инвестиции сами по себе не прават разлика. Должност на секој од вас е да учи, да истражува, да ги продлабочува своите знаења и максимално да ги усовршува своите вештини, за да може гордо и достоинствено да се соочите со предизвиците кои ве очекуваат како академски граѓани на оваа земја“. – нагласи првиот заменик претседател Меџити.
Заменик министерот за образование и наука на РСМ г-дин Лулзим Алиу, посакувајќи им убав почеток на академската година на новите студенти, истакна дека „преку образованието ги стекнуваме потребните алатки за решавање на проблемите и придонес во општеството. Ова искуство стекнато на универзитет ни помага да изградиме карактер и да ја зајакнеме нашата самодоверба, правејќи нè поподготвени за живот. Како што продолжуваме да се развиваме како поединци, образованието ќе остане извор на инспирација, отворајќи нови врати за кариера и личен развој“. – изјави заменик министерот Алиу.
Претседателот на сенатот, проф. д-р Зоран Гацовски, исто така се обрати пред присутните и студентите и им посака многу среќа во универзитетските студии, посакувајќи соработката меѓу студентите и предавачите да биде што е можно поистражувачка и интерактивна, со цел да се постигне продлабочување на пооригинални студии во текот на студискиот процес.
По свечената церемонија, новите студенти заедно со нивните предавачи имаа можност да се запознаат од поблиску и да добијат важни информации за нивните студии на нивните соодветни факултети и катедри.
Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје им посакува на сите сегашни и нови студенти на почетокот на новата академска 2024/2025 година да истражуваат нови хоризонти на знаење и да ги градат основните темели за својата професионална и лична иднина, да ја искористат секоја можност, секогаш да барате да учите повеќе и да не се плашите да се соочите со предизвиците бидејќи успесите ќе бидат заеднички и дека целиот академски и административен кадар се на ваша професионална услуга.