Хрватска, јануари 2025 година – Вонр. проф. д-р Стојан Китанов одржа неколку предавања на Факултетот за електротехничко и компјутерско инженерство на Универзитетот во Загреб, каде ги презентираше можностите за студирање и истражување кои ги нуди Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, со посебен осврт на Факултетот за информатички науки.
Во рамки на посетата, професорот Китанов одржа презентација на тема „Компјутерски континуитет во мобилната 6G мрежа, “, тема која привлече голем интерес кај студентите и академскиот кадар на Факултетот за електротехника и компјутерско инженерство. Презентацијата беше пофалена за нејзината иновативна содржина и нејзината важност во развојот на новите комуникациски технологии.
За време на посетата, вонр. проф. д-р Стојан Китанов се запозна со научно-истражувачката дејност на Факултетот за електротехника и компјутерско инженерство при Универзитетот во Загреб. Тој имаше можност да разговара за можната соработка меѓу Универзитетот „Мајка Тереза“ од Скопје и Универзитетот во Загреб, вклучително и заедничко учество во меѓународни проекти.
Оваа посета претставува важен чекор кон создавање академски и истражувачки партнерства меѓу двете институции, придонесувајќи за развој и унапредување на научни проекти со меѓународно влијание.