Скопје, април 2025 година – Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, како дел од својата промотивна кампања во средните училишта во земјата, одржа информативна средба со матурантите од Средното Училиште на Град Скопје „Цветан Димов“. За време на средбата, со матурантите се раговараше за градењето на нивните академски кариери, условите за студирање и програмите што ги нуди Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопјe.

Матурантите од СУГС „Цветан Димов“ покажаа интерес за студиските области на осумте академски единици на УМТ, вклучувајќи се на интерактивна дискусија со тимот од професори кои ја промовираа академската понуда.

Промотивниот тим на УМТ составен од професорите Бујамин Бела, Букурие Имери Јусуфи, Неритан Туркеши, Мајлинда Аџиу, Дитурије Исмаили, Аргтим Салиу, Елизабета Бајрами Ологу, Аријан Ганији и Гента Спахиу Мирзо, заедно со претставниците на Студентското собрание на Универзитетот, Омер Хебиб и Бесар Сејдиу, им ги презентираа на матурантите студиските програми, научно-истражувачките проекти, условите за студирање, како и перспективите за професионален развој по дипломирањето.

Тие, исто така, ја нагласија важноста на инфраструктурата на кампусот на УМТ и можностите за ангажирање на студентите во академски активности, професионални пракси и меѓународни проекти.

На матурантите им беа поделени информативни брошури на кој беа претставени академските програми, условите за студирање, можностите за практична работа и модерните лаборатории опремени на кампусот на УМТ.

Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопјe изразува благодарност до раководството на СУГС „Цветан Димов“ за гостопримството, соработката и придонесот во академската ориентација на новите генерации.

By