Велес, април 2025 година – Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопјe по петти пат ја промовираше најновата понуда за академската 2025/2026 година пред матурантите од гимназијата „Кочо Рацин“ во Велес.

Проф д-р Мустафа Ибрахими, декан на Факултетот за хуманистички науки, и Суат Усејни, демонстратор на УМТ како и професор во Велешката гимназија, зборуваа за условите и бројните студиски програми на осумте факултети. Претходно, деканот се сретна со директорот и педагогот на средното училиште каде што беше топло пречекан.

Деканот Ибрахими, покрај тоа што ги елаборираше студиските програми, ги мотивираше матурантите да се запишат на некој од осумте факултети со што ќе си обезбедат подобра иднина. Од ова средно училиште, рече тој, до денес, на УМТ се запишани околу 50 студенти, од кои досега дипломирале околу 15 студенти, како и еден магистер. Суат Усејни додаде дека сите студенти од Велес кои дипломирале сега се вработени, што е доказ за квалитетот и можностите што ги нуди Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопјe.

Матурантите беа од велешките села, како што се: Горно Јаболчиште, Долно Јаболчиште Бузалакова, Сливник, Клуковец и некои други села. По презентацијата, тие покажаа голем интерес за запишување на УМТ, што беше очигледно и од прашањата што ги поставија за условите и начинот на запишување.

By