Скопје, 09.05.2025 – Денес, во просториите на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, ректорот проф. д-р Беким Фетаји го пречека на работна средба на проф. д-р Наим Криезиу од Универзитетот во Приштина.
За време на средбата беа разгледани можностите за меѓууниверзитетска соработка, академски размени, заеднички истражувачки проекти и промоција на заедничките културни и научни вредности во албанското говорно подрачје.
Ректорот Фетаји, во придружба на деканот на Факултетот за хуманистички науки, проф. д-р Мустафа Ибрахими, и проф. д-р Изер Максути, изрази благодарност за посетата и за континуираниот ангажман на проф. д-р Криезиу во академска врска меѓу високообразовните институции
Во овој контекст, промоцијата на најновата книга на проф. д-р Наим Криезиу беше високо проценета, тоа претставува значаен придонес во областа на преводот и збогатување на книжевниот и филозофскиот фонд на албанскиот јазик.
Притоа проф. д-р Наим Криезиу му честиташе на ректорот Фетаји за неговата должност како раководител на Универзитетот „Мајка Тереза“ и изрази подготвеност за продлабочување на соработката во иднина, во заедничка функција во развој на образованието и науката.


