Скопје, 09 мај 2025 година – Во рамките на академските и културните активности, Правниот факултет при Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје денес го одбележа Денот на Европа, преку промотивен настан посветен на книгата од авторот проф. д-р Енвер Абдулахи со наслов: „Надворешната политика на Европската Унија кон Република Северна Македонија“.

Оваа издание претставува важен придонес во областа на меѓународните односи и европската интеграција, преку аналитичко и научно осврнување на пристапот на ЕУ кон нашата земја, како и на предизвиците и перспективите на процесот на пристапување.

Рецензентите на книгата вон. проф. д-р Авни Авдиу и вон. проф. д-р Агрон Куртиши, високо ја ценеа истражувачката работа на авторот, теоретската длабочина и практичната анализа што ја нуди книгата. Тие нагласија дека оваа книга служи како вреден ресурс за студенти, истражувачи и професионалци од дипломатијата и политичките науки, јасно одразувајќи ја динамиката на надворешните политики на ЕУ и нивното влијание врз регионот.

Настанот го модерираше вон. проф. д-р Александар Петковски, кој преку професионален пристап ја направи промоцијата богата со конструктивни дискусии на темата.

Проф. Енвер Абдулахи, во својот говор, ја изрази својата благодарност до институцијата, рецензентите и сите присутни, споделувајќи со нив мотивацијата и предизвиците при на подготовката на книгата.

Тој ја нагласи важноста на правилното разбирање на европската надворешна политика за создавање поефикасна и одржлива национална стратегија кон интеграција.

Промоцијата заврши со дискусија, каде што студентите и гостите имаа можност да поставуваат прашања и да разменуваат идеи за обработената тема.

By