Скопје, 13 мај 2025 година – Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р Беким Фетаји, во својот работен кабинет ја пречека делегацијата од Норвешка, претставници на меѓународната организација SMB Norway и Seed Forum Global. Делегацијата ја предводеа г-дин Јорунд Х. Ритман, извршниот директор на SMB Norway, и г-дин Стеинар Хоел Корсмо, основач и директор на Seed Forum Global, како и претставникот за Северна Македонија, г-дин Ислам Полику.
Ректорот Фетаји ги презентираше академските и меѓународните случувања на УМТ, нагласувајќи ја неговата подготвеност за соработка со меѓународни организации кои промовираат иновации и претприемништво.
SMB Norway застапува над 5.500 мали и средни претпријатија во Норвешка и им обезбедува поддршка на своите членови преку правни совети, осигурување, обука и професионални мрежи. Додека Seed Forum Global, од 2002 година, имплементираше над 130 проекти во повеќе од 40 земји, помагајќи им на стартапите и растечките компании преку иновативни центри, мрежи на инвеститори и обуки за млади претприемачи.
Двете страни изразија заемен интерес за продлабочување на соработката и потпишување договор кој ќе го промовира вклучувањето на студентите и академскиот кадар во меѓународни проекти и развојот на startup културата на УМТ.






