Скопје, мај 2025 година – Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р Беким ФетаЈи, заедно со проректорите вон. проф. д-р Фати Исени и вон. проф. д-р Дитурије Исмаили, ги пречека претставниците на Амбасадата на САД во рамките на промовирањето на програмите за студентска размена и мобилност.

Средбата ја модерираше Насим Салих, претставник на Фулбрајт (Fulbright), и се фокусираше на можностите што ги нуди програмата Global UGRAD. На средбата присуствуваа и претставници на Американската амбасада, г. Газменд Илази и г-ѓа Ева Китановиќ, како и поранешните учесници на UGRAD, Авни Идризи, Ерик Сребров и Јусуф Џеладини.

Студентите беа информирани околу роковите за аплицирање, од 2 ноември до 28 декември 2025 година, критериумите за избор, важноста од подготовка на есеи и документација. Учесниците ги споделија своите лични искуства, нудејќи практични совети и мотивација за идните кандидати.

Студентите покажаа голем интерс за средбата и мотивација да ги искористат можностите и искуствата за меѓународно студирање.

By