Скопје, 28.05.2025 – Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р Беким Фетаји, беше домаќин на работна средба со генералниот секретар на Црвениот крст во Република Северна Македонија, г-дин Саит Саити.
На оваа средба, ректорот Фетаји, придружуван од проректорот за образование, вонр. проф. д-р Фати Исени, ги информираше г-дин Саити и г-дин Фадби Османи, член на Централното претседателство на Црвениот крст, за актуелните случувања на УМТ, меѓународните проекти и можностите за конкретна меѓуинституционална соработка.
Генералниот секретар, г-дин Саити, и г-дин Османи му посакаа успех на ректорот Фетаји во извршувањето на неговите должности како ректор во тековниот мандат и ја поздравија неговата посветеност за унапредување на соработката со хуманитарните и социјалните организации.
Меѓу главните теми за кои се разговараше беше практичната соработка на студентите во рамките на заедничките активности со Црвениот крст, обуките и волонтерските ангажмани. Двете страни се согласија за продлабочување на соработката во иднина, со цел пошироко вклучување на студентите од УМТ во хуманитарните, образовните и социјалните кампањи на Црвениот крст.



