Скопје, 30.05.2025 – Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р Беким Фетаји, беше домаќин на работна средба со делегацијата од Универзитетот во Манхајм, Германија, во состав на проф. д-р Мартин Корнмаер, раководител на студиската програма по Меѓународен бизнис, како и група студенти од Германија предводени од г-дин Абдулмеџит Саити, советник во Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија.
За време на средбата, ректорот Фетаји, придружуван од проректорот за образование, вонр. проф. д-р Фати Исени, и деканот на Економскиот факултет, вонр. проф. д-р Букурије Имери Јусуфи, на присутните им ја презентираше мисијата, визијата и академските програми на УМТ, со посебен акцент на меѓународната соработка и програмите за мобилност на студентите.
Страните разговараа за можностите за меѓусебна соработка во различни академски области, вклучувајќи размена на студенти, заеднички истражувачки проекти и организирање на заеднички академски активности, како дел од иницијативата за зајакнување на меѓууниверзитетските и меѓукултурните врски.








