Скопје, јуни 2025 година – Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопјe, проф. д-р Беким Фетаји, ги пречека студентите Њомза Лута, Висар Муртезаи и Алмира Рамадани од Факултетот за технолошки науки, кои ќе го претставуваат УМТ на студентската конференција ChemBiotIC, на 3 и 4 јули, организирана од Универзитетот во Вроцлав во Полска.

Студентите ќе презентираат иновативна тема за употребата на семките од праска како природна замена во прехранбената индустрија.

УМТ ви посакува многу успех на овој меѓународен научен натпревар и цврсто веруваме во вашиот квалитет, знаење и посветеност.

By