Скопје, 12.06.2025 година – Во просториите на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Македонија, за академскиот и административниот кадар се одржа информативна презентација за банкарските производи на Стопанска банка АД-Скопје, предводена од регионалниот директор г-ѓа Арлинда Хасани Синани.
На оваа презентација присуствуваа и соработниците Мајлинда Етеми, Александар Нацов и Насер Алие, кои споделија корисни информации за финансиските производи и услуги што им помагаат на младите во управувањето со личните финансии.
Студентите беа повикани да ги искористат можностите за соработка преку практична работа, заеднички проекти и развој на идеи за самовработување, со континуирана поддршка од банкарскиот сектор и Универзитетот.







