Скопје, 18.06.2025 – Во празнична и свечена атмосфера, Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопјe ја организираше Апсолвентиадата за 2025 година, со која беше крунисана четиригодишната дејност и посветеност на седмата генерација на студенти.

На овој значаен академски настан, ректорот на УМТ, проф. д-р Беким Фетаји, им се обрати на присутните со говор полн со благодарност и мотивација за студентите кои го завршуваа прв циклус на студии. Меѓу другото, тој нагласи дека „денес, со дипломата што ја добивате, станувате не само носители на академска диплома, туку и амбасадори на нашиот Универзитет, носители на вредностите што ги претставуваме и идни придонесувачи за развојот на земјата“.

На церемонијата се обрати и претседателката на Сенатот на УМТ, вон. проф. д-р Оливера Петровска, која им честиташе на студентите за успешното завршување на студиите, нагласувајќи дека ова достигнување е резултат на нивната посветеност, поддршката од нивните семејства и посветеноста на академскиот и административниот кадар на универзитетот.

Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопјe, за прв пат, им додели признание на своите алумни, во знак на благодарност за нивниот извонреден придонес и континуирана поврзаност со институцијата. Нивните достигнувања се жив доказ за академскиот дух што го негува нашиот универзитет.

Во рамките на овој настан, беа доделени и признанија на петте најдобри студенти на генерацијата, од секој факултет, за нивниот академски успех.

By