Скопје, 02.07.2025 година –Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопјe, проф. д-р Беким Фетаји, на работена средба ја пречека г-ѓа Антје Ванделт, генерална директорка на Германската стопанска комора во Северна Македонија (AHK).
За време на средбата, ректорот Фетаји, заедно со проректорот за меѓународна соработка, вон. проф. д-р Дитурије Исмаили, ги информираа г-ѓа Ванделт и нејзиниот придружник г. Абдулмеџит Саити, советник во Министерството за надворешни работи на Република Македонија, за академскиот развој на Универзитетот, меѓународните иницијативи и конкретните можности за меѓуинституционална соработка.
Фокусот на дискусијата беше идентификување на заеднички области за соработка во рамките на развојот на професионалните капацитети, поддршката на претприемништвото кај младите и двојното образование во партнерство со приватниот сектор.
Германската стопанска комора во РСМ (AHK) е институција со клучна улога во зајакнувањето на економската соработка меѓу Германија и Северна Македонија, со јасна мисија за промовирање на инвестициите, трговската размена и професионалниот развој во регионот.




