Скопје, јули 2025 година – Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопјe, проф. д-р Беким Фетаји, на работна средба ги пречека професорите од Велика Британија, г-ѓа Јулија Ковас, г. Фатос Селита, како и г. Едисон Франгу, извршен директор на Open Gov Hub AI.
Ректорот Фетаји, придружуван од проректорите вонр. проф. д-р Фати Исени, вонр. проф. д-р Дитурије Исмаили и генералниот секретар г. Пиштар Лутфиу, ги информираше гостите за академските случувања, меѓународната соработка и можностите за заеднички проекти.
Целта на посетата беше да се воспостават контакти за соработка во областите на генетиката, правосудството, научната комуникација и технолошките иновации во образованието.





